И ние имаме наша Барби кукла: Агнеса Органџиева во издание кое го одзема здивот
Таа важи за една од најозборуваните инфлуенсерка кај нас која има над 104.000 следбеници на Инстаграм, таа е мајка на две девојчиња, правник но и дама која каде и да се појави ги собира сите погледи, таа е Агнеса Органџиева.
Важи за жена која е секогаш стокмена, со уредна коса и шминка, облечена според пригодата на која е присутна, најчесто носи фустани, а скоро никогаш не може да ја видите во тренерки или хеланки, а овој пат како вистинска барби кукла облечена во тиркизна тоалета собра многу лајкови од следбениците, а обувките кои ги носи се тренд број еден сезонава.
Фустанот кој го истакнува нејзиното бујно деколте, ја следи линијата на нејзиното топ оформено тело, но и ги става во преден план нејзините долги нозе е одличен избор, кој може да го носите на некоја свечена прилика. А сандалите за кои се одличила Агнеса се модел кој е тренд број еден во моментов меѓу модните инфлуенсери и трендсетерите.
Целиот изглед на инфленсерката Органџиева е елегантен и изглед кој ги собира сите погледи.
Инаку, Агнеса во интервју за Женски магазин отворено зборуваше за корекциите кои ги има или нема правено на себе и истакна: „Не ми пречи да ми вадат муабети дека сум пластична“, целото интервју прочитајте го ОВДЕ.
Фото: Инстаграм - Агнеса Органџиева/архива - Женски магазин
Р.Ж.М.