Каков јануари, таква година: ХОРОСКОП за почетокот на уште еден нов предизвик кој трае 365 дена
ОВЕН
Јануари ќе е бавен и сложен месец. Тешко ќе комуницирате со непознати луѓе. Неочекувана повреда или незгода во вашиот дом или на работното место. На љубовен план стабилно, ќе имате едно интересно искушение на средината на месецот. Покана за собирање, поврзана со многу специјални и силни емоции. Јануари е поволно време за решавање на договори, документи и други административни формалности. Ќе се надевате на еден ваш личен успех и поради тоа ќе бидете многу загрижени.
БИК
Годината ќе ја започнете интересно, кроејќи планови за иднината. Оние кои се слободни и не се во брак може да го очекуваат бракот токму оваа година. Си создавате чувство дека некој ви завидува, но, ќе се уверите дека грешите. Можно е интересно патување и голема промена во животот. Ќе го подобрите и семејниот буџет. Кај оние што се врска и брак можно е односите малку да станат комплицирани.
БЛИЗНАЦИ
На почетокот на годината ќе имате конфликт или судир на интереси со личност која е ваша роднина, близок пријател, колега. Ќе треба да се справите со лош компромис. Љубовниот живот ќе се развива според очекувањата кои ги имате. Не се очекуваат изненадувања ниту некакви екстремни ситуации. Можно е кратко патување. Мал здравствен проблем кој брзо ќе го решите. Какви стравови или грижи да имате во јануари, тие нема да бидат основани, токму поради тоа започнете да размислувате позитивно.
РАК
Ве очекува посебен момент односно подарок од една драга личност. Очекувајте интересна покана за собирање на празниците. Ве очекува и важна вест поврзана со пријателите. Некои од вас може да го поминат почетокот на месецот надвор од вашиот дом. Немојте да имате големи очекувања за поголеми или неочекувани финансиски приходи во текот на овој месец. Се ќе е во рамките на она што го добивате вииобично.
ЛАВ
Годината ќе започне со неочекувани трошоци. Ќе имате гости од странство. Претстои семејно собирање за новогодишните празници. Јануари ќе е важен за вас, бидејќи настапуваат промени. Она што ќе се случува овој месец ќе го одреди и она што ќе се случува цела 2022 година. Бидете особено внимателни. Ќе добиете телефонски повик кој ќе отвори стар конфликт.
ДЕВИЦА
Годината може да започне со неочекуван здравствен проблем, кој може да е последица на нездрава храна и пијалоци. Можен е успех на професионален план. Но, од друга страна можна е и депресија, која ќе биде последица на вашите црни мисли. Општо земено пред вас е успешен и динамичен перод. Можен е судир за финансиски прашања. На љубовен план интересен развој на флертот. Обновување на пријателски односи.
ВАГА
Годината ќе почне со важен настан поврзан со дете. Интересна покана уште на почетокот на месецот. Можно е и раѓање на дете. Можно е патување кое ќе се запамети по еден непријатен конфликт или инцидент. Ќе имате тешки разговори со близок човек или бизнис партнер од друго населено место. Убави моменти поминати со партнерот. Можни се разговори поврзани со заедничка иднина. Можно е да слушнете лоша вест за некој ваш близок. Секако ќе ги имате и познатите финсансиски грижи.
СКОРПИЈА
Годината ќе започне во очекување на пари, кои не сте успеале да ги добиете на крајот на изминатата година. Веројатно тие ќе дојдат од банка. Ќе размислувате како да се справите со некоја интрига или со непријатно озборување. Семејството ќе успеете да го соберете за празниците. Можно е обновување на мебелот во домот. Ќе имате голема можност и за развој на личен план- ве очекува голем успех. Обидете се да го задржите ова темпо.
СТРЕЛЕЦ
Можно е на почетокот на месецот да примите лоша вест, но не реагирајте бурно кога до вас стигнуаваат непријатни вести. Ве очекува убав настан поврзан со домот. На љубовен план ќе ви се пружи една интересна можност. Не се обидувајте да лажете…Време за промена во животот. Подобро еда имате доволно храброст да преземете ризик и да предизвикате одредени настани и луѓе да проработат во ваша корист .
ЈАРЕЦ
Почетокот на година може да биде запаметен по успешно патување поврзано со работата. Добивање на пари оддалеку. Треба да направите решителен чекор и конечно да ги решите работите кои ве загрижуваат. Поволно решавање на проблем поврзан со имот. Ве очекува и нова љубов и ново познанство. Неочекуван настан ќе ви ги промени сите планови.
ВОДОЛИЈА
Во јануари ќе треба да одложите важен состанок или собир поради појава на неочекувани околности во вашиот живот. Непријатна вест ќе ве натера да размислите детално и многу внимателно за своите активности, говори и решенија. Јануари може да биде запаметен по професионални и деловни успеси. Успех во работата може да има и за човек од семејство. Во љубовта ќе има конфронтирачки момент предизвикан од љубомора и недоразбирања.
РИБИ
Годината може да започнете со имотни проблеми. Многу променливи емоции во јануари но при секоја емоционална или душевна бура ќе имате надеж дека наскоро сите црни облаци околу вас ќе исчезнат и ќе изгрее она сонце, за кое си сонувате …Конечно ќе успеете да го финализирате проектот кој го започнавте. Ќе добиете ветување за нешто што ќе биде од големо значење за вас. Непријатна вест поврзана со човек кој е роднина.