Калиопи, Игор, Тамара, Карлеуша, Јелена Ѓоковиќ и многу други за страшниот масакар во Белград: „Жално“, „Срцето ми крвари“, „Солзи..“
Страшната
трагедија која се случи вчера во основно училиште во Белград од страна на 14 годишно
дете, кое уби 7 деца и едно возрасно лице го потресе целиот Балкан. Апсолутно
никој не остана рамнодушен. Можеби овие настани кога се случуваа во Америка ни
изгледаа далеку и нереални за кај нас, но ете вчера маскрот кој се случи во
соседството не‘ потресе сите.
Многу родители, познати личности, естрадни уметници, политичари, водители се огласија со статуси на социјалните мрежи изразувајќи сочувство за семејствата на починатите, изразувајќи револт кон општеството и интернетот, но имаше и такви кои споделија дека и тие доживеале слични настани.
„Нема зборови со кои може да се опише грозоморозниот
чин во Белград.
Тоа што се случи во белградското основно училиште
е „аларм“ за сите нас: родители,просветни работници, педагози, институции...
Искрено сочувство до семејствата на жртвите, а на
повредените им посакувам брзо закрепнување“, напиша пејачката Тамара
Тодевска на социјалните мрежи.
Со поддршка на Инстаграм се јавија и Каролина Гочева, Игор Џамбазов, Калиопи, Викторија Лоба, Сузана Турунџиева, Миа Костова но и многу други.
А познатата српска дива Јелена Карлеуша во својата објава за овој тажен настан напиша:
„Почувствував ужас и страв замислувајќи го моето дете да биде мета на некој врсник... Во тој момент еден мал убиец одзема животи“
Имено, како што нагласи во серијата објави, се згрозила кога го слушнала видеото од пукањето во училиштето.
- Го слушнав видео од малолетник убиец како убива деца околу училиштето... Толку многу намера, толку куршуми... толку многу упорност и желба да одземам животи... Го следев и многу се исплашив од звукот. Чувствував ужас и страв, замислувајќи го моето дете да биде мета на некој врсник... Во тој момент малиот убиец одзеде животи, секој куршум ја погоди целта... само во чуварот испука 15…
- Знаете, и јас бев жртва на насилство од врсници, татко ми беше полицаец и можев да фатам пиштол... Но, никој не ме научи да пукам како ова дете, ниту пак имав намера да пукам. Да не зборуваме за намерата за одземање животи. Гледам дека има полемика за тоа како малиот бил жртва на насилство и затоа го направил тоа што го направил. Знаете, жртвите на насилство убиваат во самоодбрана. Жртвите на насилство си го одземаат животот. Жртвите на насилство не прават план за еден месец, туку реагираат во афект, во моментот.
Како што понатаму наведе во својата тажна објава, се надева дека малолетниот престапник никогаш нема да биде ослободен.
- За жал, единствени жртви на насилство во овој случај се учениците кои загинаа заедно со чуварот. Ова мало не. Велат дека малиот убиец не се вклопил во општеството, дека децата го одбиле. Очигледно децата ЧУВСТВУВААТ дека има проблем. Родителите мораа да препознаат психопатско и социопатско однесување кај детето. Нема шанси да не го сториле тоа. Родителот знае како дише неговото дете. А не да го научи да убива и менува рамки со куршуми на 13 години. Бог да ги прости убиените деца, нека Универзумот им даде сила на нивните родители да ја преживеат оваа и секоја втора ноќ... а насилникот... повеќе не смее да биде на слобода. Никогаш повеќе... затоа што татко му го научил да убива - напиша таа во својата објава.
Се огласи и сопругата на Новак.
Јелена Ѓоковиќ сподели серија сториња на Инстаграм, а на првата од слика од силуетите на жртвите од масакрот на небото над Белград, која ја сподели и Новак напиша:
- Господи Исусе Христе, сине Божји, помилуј нас грешните. Скршено срце, раскрварена душа, солзи и неверување... – напиша Јелена Ѓоковиќ со емотикони на скршени срца и молитви.
Фото: Инстаграм/Фејсбук
Фото насловна: дневнадозаБеограда