Камелеон на сцена: Симона Поповска во парчиња кои може да ги имате

Добивај вести на Viber

Каде и да се појави го привлекува вниманието. Убава е, а на облеката што ја носи ѝ дава дополнителен шарм. Нејзиното порцеланско лице и глас не може, а да не бидат забележани. Пејачката Симона Поповска е исто толку атрактивна и во облекувањето. 

Нејзиниот стил е камелеонски, па во еден момент ќе ја забележите во фустан закопчен до грло, а веќе во друг носи ултра кратки шорцеви и тесна маица. Таа може секако да си игра со облеката бидејќи има убава фигура и се ѝ стои. Претпочита за своите настапи да биде облечена во светкави парчиња, но исто така е ултра модерна и во тесни кожени комбинизон панталони. Таа знае да се „справи“ со сексипилот кој го поседува, па деколтираните кошули и блузи ѝ се слабост. 

Внимава со изборот на бои и менува стилови што е и пожелно за една пејачка која се појавува на сцена. Експеримрнтира и со косата, а тоа дополнително значи дека ги следи трендовите. Уште една слабост и се високите потпетици. Ги има многу и по се изгледа дека не и е тешко да стои на нив. Го истакнува и задникот и има целосно право на тоа. 

Она што Симона го носи или нешто слично на нејзината облека може да се најде и во мулти брендот „Сити фешн“ во кој има парчиња од најреномираните светски дизајнери, сега и до 50% попуст. 

Н.Т.