Карачиќ: Се вратив во Скопје поради докторите во „Аџибадем Систина“ – тие се најдобар избор за моето здравје
Поранешниот среден бек на РК „Вардар“ кој седум години помина играјќи за „црвено-црните“, Игор Карачиќ, повторно се врати во Скопје. Причината за неговото враќање е болката што подолго време ја чувствувал во пределот на градниот кош поради континуираните удари што ги добивал за време на ракометните натпревари. По телефонските консултации со доктор Ивановски од „Аџибадем Систина“, решил да направи кратка пауза од тренинзите и да го реши својот здравствен проблем.
Д-р Михајло Ивановски, специјалист по трауматологија, вели дека по телефонскиот разговор во кој Карачиќ се пожалил на болка, договориле термин и хрватскиот репрезентативец дошол во Скопје на преглед.
„По деталните испитувања, поставивме дијагноза воспаление на второто ребро, местото каде што се припојуваат мускулите, и веднаш почнавме со третман. Денеска е аплицирана првата доза на PRP-третман во пределот на повредата, па се очекува за кратко време значително подобрување кај Карачиќ. За побрза рехабилитација на младиот ракометар, неопходна е и физикална терапија“ – објасни д-р Ивановски.
30-годишниот Карачиќ од оваа сезона игра за полскиот ракометен клуб „Келце“.