Карантинот добро и интересно го изигравме со Миа: Утринско кафе со Тијана Скулиќ

Денот во последно време ми започнува со вежбање и можам слободно да кажам дека се чувствувам одлично по утринското раздвижување.  А првото кафе го пијам со Миа, па потоа следуваат обврските.

Ме мотивира кога ќе видам задоволни луѓе од мојата работа и посветеност. Сакам успеси без разлика дали се мои или на моите блиски. Успесите ме поттикнуваат да сум уште по мотивирана за отварање на нови хоризонти. 

Во поглед на тоа дека обожавам да готвам по завршувањето на работните обврски, задолжително одам во мојот омилен маркет за зеленчук и овошје и од таму набавувам се што ми фали. За мене секоја подготовка на ручек е моја мала авантура. Вежбањето ми е секако една од обврските, а во принцип добро се организирам и секогаш наоѓам време за се во текот на денот. 

Искрено немав проблем со карантинот. Тоа така добро и интересно го изигравме со Миа, што може да се каже дека не го ни почувствуваме. Во оглед на рестрикциите, сметам дека се тотално погрешни, но нормлано за се‘ се наоѓа решение кај нас нели е тоа познато за нашата државичка. Во однос на работата, имаше еден краток молк, но како велат по дождот секогаш доаѓа сонце. 

Денот скоро секогаш ми завршува со чаша црвено вино и фин муабет. Понекогаш филм, а понекогаш со убава вечера со најблиските.

Помеѓу книга или филм? Филм дефинитивно.


* Тијана Скулиќ - Маркетинг менаџер*