Пејачката Јелена Карлеуша пред два дена се врати во шоу-програмата „Ѕвездите на Гранд“, откако неколку недели направи пауза по смртта на нејзината мајка Дивна.
Карлеуша на снимањето дојде во црно-бела комбинација и со темни наочари за сонце кои ги носеше цело време во текот на емисијата во која е во улога на жири. На почетокот на снимањето, Јелена ѝ се обратила на публиката и на колегите од жири-комисијата.
„Се вратив. Оваа година, јас сѐ нешто се враќам и имам „камбек“. Се надевам дека ова нема да се повтори уште некој пат оваа година“, изјавила пејачката.
Нејзината мајка, познатата новинарка и радио-водителка, Дивна Карлеуша, почина на 3 март, по долгата борба со ракот.
Фото: Рас, Србија