Карлеуша скршена од болка: Ќе ја напушти Србија по погребот на мајка си Дивна

Добивај вести на Viber

Српската пејачка Јелена Карлеуша е неутешна по смртта на својата мајка, радио водителката и новинарка Дивна, која почина во неделата по тригодишната борба со ракот, во 61 година. 

Во просториите на радио Белград, за Дивна Карлеуша се одржа комеморација. Пејачката е скршена од болка по смртта на својката мајка, и нема сила да зборува. Сопругот, фудбалерот Душко Тошиќ цело време внимава на неа и ја држи за рака, пишува „Блиц“. 

Погребот на познатата радио-водителка ќе биде во 15,20 во Белград. Семејеството донесе одлука Дивна Карлеуша да биде испратена со песната која таа многу ја сакала, „Била ја тако лијепа“ од Драган Стојниќ. 

Српските медиуми пишуваат дека Јелена донела одлука, по смртта на мајката и по секс-скандалот кој ѝ се случи неодамна на некое време да замине од Србија. Со сопругот Душко, таа ќе отпатува во Кина, каде што тој моментално живее затоа што игра за тамошен фудбалски клуб. Откако дознала дека мајка ѝ починала, Јелена не излегувала од својот дом на Дедиње во Белград. 

Фото: Срѓан Илиќ