Каролина, Тамара, Дани: Која има најмногу стил?
Секоја од овие три дами има посебен стил на облекување и тотално се различни во тој дел. Трите многу добро го разбираат модниот јазик, посебно за на сцена и знаат како да се облечат. А, ако не знаат, секогаш имаат на помош дизајнери и стилисти, како тоа што го прават и светските ѕвезди.
Каролина Гочева, Тамара Тодевска и Дани Димитровска се нашите музички диви кои со години освен со убавите песни, ни носат секогаш свеж стилски бран. Ама сето тоа спакувано добро. Имало и моменти кога погрешиле, но во целина дефинирањето на нивната стилска приказна може да се нарече како успешна. Соработуваа или соработуваат и со компанијата FashionGroup Macedonia која често ги облекува во облека од врвни светски модни бредови за кои се застапници.
Каролина Гочева
Со години е во комуникација со дизајнери и стилисти, посебно со Цаци Паковска и скоро на секој можен настан или јавно појавување изгледа одлично. На моменти минималстички, таа знае да создаде приказна од себе со облеката. Да, ќе речат дека има манекенско тело и дека се ѝ стои, но ако не е така како што треба, немало да изгледа така како што изгледа.
Тамара Тодевска
Во последно време инспирира со стилот. Многу модерно и трендовски. Секоја промена е забележлива кај неа, но и секоја промена знае да ја подигне на повисоко стилско ниво. И за неа се грижи тим на професионалци, посебно тука е и дизајнерот Александар Ношпал. Урбана и дива, а сепак од неа светска притаен гламур.
Дани Димитровска
Нејзината појава скоро секогаш е пропратена со восхит. Едноставно зрачи, и со убавина и со стилот, посебно во последно време. Соработува и со дизајнерката Јована Филиповиќ која и прави такви креации, што Дани во нив изгледа како светска ѕвезда. Внимателна е со деталите, никогаш нема кај неа претерана голотија, а новиот авангарден- рок стил ѝ одговара совршено.
Н.Т.