Ката е модна кралица и дава детални насоки како се купува во Second hand продавници: Ќе изгледате скапо во фустан од само 100 денари

Добивај вести на Viber

Жените кои можат да си дозволат скапа облека дефинитивно се во малцинство. Сепак, не „паѓајте“ во очај дека не можете да одвоите половина плата за фустан. Постојат трикови кои ќе направат да изгледате како милион долари во гардероба во продавница за половна облека.

Она што е потребно за да го изградиме нашиот автентичен стил, кој ќе изгледа скапо, е да одиме до најблиската продавница за користена облека и да уживаме во изборот на квалитетни парчиња, како што тоа го прави Катарина Вуксановиќ Ката, која ја следат голем број жени на Интернет и внимателно ги апсорбираат сите нејзини совети.

Со оглед на тоа што повеќето жени не се пронаоѓаат во продавниците за користена облека, Ката дава совети како да се облекуваме во продавниците од втора рака, бидејќи како што вели, 95% од облеката во нејзиниот плакар е од споменатите продавници.

Десетте совети на Катарина за купување во секонд хенд продавници .

-Не купувајте само затоа што е евтино. Пред да одлучите дека ви треба тоа парче, запрашајте се колку пати ќе го носите и дали вреди.

-Изберете ги вашите материјали мудро. Добро е познато дека волната, свилата, ленот, кашмирот, памукот се висококвалитетни и издржливи материјали. Избегнувајте полиестер.

-Секогаш пробајте го парчето што сакате да го купите. Сите работи кои се изложени во продавницата од втора рака поминале низ хемиско чистење, а клиентите често се пријатно изненадени кога ќе видат дека им стои нешто добро што не ни помислиле да го пробаат.

-Ако барате нешто конкретно, почесто одете во „секонд хенд“ продавница . Повеќето продавници секојдневно ја надополнуваат својата понуда, додека одредени продавници имаат фиксни денови кога се надополнуваат.

View this post on Instagram

A post shared by Kata Vuksanović (@katavux)



-Не „гледајте“, туку трпеливо испитувајте едно по едно.

-Направете „листа на желби“ со работи што ги сакате во вашиот плакар. Земете го списокот со себе во шопинг, па кога ќе најдете нешто од списокот, купете го. Ова ќе ви помогне да не претерате со купувањето, или да купувате работи што навистина не ви се потребни.

-Не се откажувајте ако не најдете ништо по неколку круга.

-Дознајте каков е типот на вашето тело и кои парчиња ви изгледаат најдобро. Побарајте онлајн да видите дали сте јаболко, круша или песочен часовник и ќе ви биде полесно да откриете кои парчиња ви стојат убаво.

View this post on Instagram

A post shared by Kata Vuksanović (@katavux)



-Секако, за ваков тип на шопинг важно е да се чувствувате добро и позитивно, но важно е и да сте задоволни. Како што велат: не одете гладни во шопинг!

-И за крај, бидете свесни дека со купувањето во „секонд хенд“ ќе му го продолжите животот на парчето и да се намали загадување на планетата. Среќно во купувањето!


фото: Принтскрин инстаграм