Кавгите помеѓу браќата и сестрите се здрави: Корисни совети за родителите

Браќата и сестрите градат посебни односи кои ги знаат само тие самите, но со тоа би требало да се запознаат и родителите. По ривалството и по љубомората обично настанува заедништво помеѓу нив.

Во релацијата брат-сестра детето ги открива другите и подобро се запознава себе си, учи да ги разбира чувствата и да дели, прифаќа одредени ставови и однесувања. Односот помеѓу братот и сестрата во детството влијае на карактерот на возрасната личност.

Затоа и родителите треба да знаат зошто кавгите помеѓу братот и сестрата се неизбежни:

1. Почитувајте ги разликите. Некои врежани мислења за тоа колку разликата во години или фактот да растеме со брат или сестра или сами, влијае на нашиот карактер, не треба да се сфати како правило. Една од предрасудите е дека оние кои немаат брат или сестра се саможивници и не ги делат емоциите или работите. Оваа теорија ја побиваат примери од секојдневниот живот. 

Помеѓу грешните мислења исто така спаѓа она дека најмалите деца се разгалени, па подоцна се неодговорни, имаат послободен и поотворен став спрема родителите, и дека подоцна, во текот на животот полесно донесуваат одлуки. Секое дете е единствено и посебно.

2. Прифатете го ривалството и љубомората помеѓу своите деца: Заедништвото и делењето, но и кавгите се природен и неизбежен дел на заедничкото растење. 

Психолозите тврдат дека кавгите помеѓу братот и сестрата се здрави. Во натпреварот со братот или сестрата, детето се испитува себе си и своите можности да суди и да прифати пораз.