Кејт Мидлтон е кошмар на секоја снаа: Она што го прави за да ги спаси бракот и семејството, малку жени можат и сакаат да го прават
Фото: Jordan Pettitt / PA Images / Profimedia
Кејт Мидлтон деновиве го следи секој чекор на принцот Вилијам додека се прават подготовките за крунисувањето на кралот Чарлс
Деновиве, Кејт Мидлтон е олицетворение на посветена сопруга, мајка, принцеза, а тоа што е толку совршена ја прави ноќна мора за секоја снаа на планетата, бидејќи кој може да го надмине тоа совршенство?
Како што се приближува крунисувањето на кралот Чарлс, Кејт Мидлтон станува сè посовршена.
Секогаш е насмеана, одмерена, услужна, секогаш достапна и вредно ги извршува сите свои обврски без ниту еден скандал. Таа е сè што Меган Маркл не е и никогаш не можеше да замисли дека ќе биде.
Кога кралот побарал да заштеди повеќе, Кејт ја рециклирала целата нејзина облека со молскавична брзина. Така и овој пат таа се појави во црвеното палто кое го носеше во 2016-та година, а во тоа време изнесуваше околу 1.500 евра, што за кралското семејство тогаш и сега е само ситница. Но, кога кралот рекол да се штеди, Кејт без прашање го послушала.
Додека извори блиски до кралското семејство одговорно тврдат дека Вилијам има љубовница, Кејт не дозволува незадоволство или сомнеж да се појави на нејзиното лице. На годишнината од брак позира насмеана покрај Вилијам на велосипед - бајка!
Кејт деновиве е и најдоверливиот член на кралското семејство - таа е таму за да ги пречека гостите од целиот свет, да ги анимира и води низ целиот настан. Па кој друг може да го изведе ова толку совршено? Никој, освен Кејт Мидлтон, жена која е родена да биде тоа што е - принцеза!
Извор: stil.kurir.rs