Кејт Мидлтон стана тетка: Се породи сестра ѝ Пипа

Добивај вести на Viber

Кејт Мидлтон е официјално тетка. Сестрата на Војвотката од Кембриџ, Пипа Мидлтон, го роди своето прво дете (машко). Со сопругот Џејмс Метјус во понеделникот во Линдо Вил во болницата Св. Богородица - истото место каде Кејт и Дијана ги родија своите деца.

Пипа ја објави нејзината бременост во април веднаш пред раѓањето на нејзиниот внук принцот Луј. Таа е видена и за време на нејзината бременост и секогаш изгледала неверојатно шик.