Кејт Мидлтон утре ќе се појави на Вимблдон: Ова е втор пат да се појави во јавноста

Добивај вести на Viber

Принцезата Кејт Мидлтон утре ќе присуствува на машкото финале на Вимблдон за да го додели трофејот на победникот.

Оваа вест израдува многумина со оглед дека ова ќе биде втор пат принцезата Кејт Мидлтон да се појави во јавноста откако се дозна дека боледува од рак.

Новак Ѓоковиќ утре ќе го игра финалето на Вимблдон против Карлос Алкараз, а на еден од двајцата таа ќе му го додели пехарот.

Кејт не присуствува на денешното женско финале, а претседателката на Вимблдон Деби Џеванс го додели женскиот трофеј во име на Кејт по финалето во женски сингл.

Во случај принцезата од Велс да отсуствува на превентивен третман, војвотката од Глостер е подготвена да ги преземе нејзините должности.

Да потсетиме, на 22 март Кејт Мидлтон соопшти дека има рак, а на 16 јануари беше оперирана поради стомачни проблеми.