Кејт Мидлтон заврши со хемотерапиите! Принцезата од Велс конечно откри како се чувствува и како таа, Вилијам и децата ги преживеале најлошите 9 месеци во животот
Кејт Мидлтон на 22 март откри дека има рак и дека е на
превентивна хемотерапија. Сега доаѓаат нови информации од самата принцеза од
Велс за нејзината здравствена состојба - и таа вели: „Завршив со хемотерапија и
фокусирана сум на целосно излекување на ракот“.
Кејт Мидлтон планира во блиска иднина да се врати на своите кралски обврски, но умерено.
Принцезата од Велс нагласува дека нејзиниот „фокус сега е целосно да го излечи ракот“ и признава дека последните девет месеци биле „страшно и непредвидливо“ време за нејзиното семејство. Искуството, вели Кејт, ги потсетило неа и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, „да размислуваат и да бидат благодарни за едноставните, но важни работи во животот што многумина од нас често ги земаат здраво за готово“.
Личната порака на принцезата до нацијата со среќната вест беше снимена и објавена во триминутно видео на кое таа и Вилијам се прикажани во шумата Норфолк со нивните три деца - принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот.
„Справувањето со ракот беше сложено, страшно и непредвидливо“
„Како што летото привршува, не можам да ви кажам колку ми олесна што конечно заврши. Последните девет месеци беа неверојатно тешки за нашето семејство. Животот каков што знаете може да се промени за миг, а ние моравме да најдеме начин да се справиме со оваие бурни води и непознат пат“, го започна обраќањето на Кејт во емотивното видео, а потоа продолжи:
A message from Catherine, The Princess of Wales
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) September 9, 2024
As the summer comes to an end, I cannot tell you what a relief it is to have finally completed my chemotherapy treatment.
The last nine months have been incredibly tough for us as a family. Life as you know it can change in an… pic.twitter.com/9S1W8sDHUL
„Соочувањето со ракот е сложено, страшно и непредвидливо за сите, особено за оние што ви се најблиски. Тоа безмилосно ве соочува со сопствените слабости на начини на кои никогаш досега не сте размислувале, а со тоа доаѓа и нова перспектива за сè. Овој пат е над се‘ , ме потсети мене и Вилијам да размислуваме и да бидеме благодарни за едноставните, но важни работи во животот, кои многумина од нас често ги земаат здраво за готово, едноставно да ги сакаат и да бидат сакани“, вели принцезата од Велс.
Потоа зборуваше за нејзините планови за иднината.
„Сега мојот фокус е да направам се‘ што можам за целосно закрепнување. Иако ја завршив хемотерапијата, мојот пат до заздравување и целосно закрепнување е долг и морам да продолжам да прифаќам што и да донесе новиот ден. Сепак, со нетрпение очекувам да се вратам на работа и да направам уште неколку јавни ангажмани во наредните месеци, кога ќе можам“, го заврши своето обраќање Кејт Мидлтон.
Кејт беше примена во болница во јануари на операција на абдоменот, во март објави дека има рак.
Да потсетиме дека принцезата од Велс првпат беше примена во болница во јануари годинава поради, како што беше наведено тогаш, операција на абдоменот. Подоцна, лекарите откриле дека всушност се работи за рак, а Кејт почнала да се лекува на крајот на февруари.
Еден месец подоцна, по бројните шпекулации за нејзиното здравје, британската принцеза ѝ се обрати на загрижената јавност преку видео порака и откри дека се соочува со рак и дека е на превентивно лекување.
Кејт Мидлтон оттогаш не е видена во јавноста, а нејзиното прво појавување се случи на 15 јуни годинава на официјалната прослава на роденденот на кралот Чарлс III на познатиот настан Trooping the Color во Лондон.
Пред тоа, принцезата од Велс последен пат присуствуваше на јавен настан во декември 2023 година, кога се појави на Божиќната прошетка во Сандрингам со своето семејство.
Фото и Видео: „X“