Кети Пери и Орландо Блум повторно заедно - се сретнаа и со папата

Добивај вести на Viber

Пејачката Кети Пери и актерот Орландо Блум, со кого беа разделени некое време, се на одмор во Рим, па дури и се сретнаа со папата Франциско. 

Двојката присуствуваше на четвртата годишна конференција „Обединети за лек“ во Ватикан, каде што разменија неколку зборови со папата. Кејти и Орландо целосно го исполнија задолжителниот дрес-код на Ватикан, откако се појавија облечени целосно во црно.

32-годишната пејачка и 42-годишниот актер излегуваа 10 месеци и се чинеше дека се многу среќни, но во февруари лани одеднаш се разделија и одлучија да останат само пријатели. 11 месеци подоцна, гласини почнаа да се шират дека двојката повторно е заедно.