Кијану Ривс блеска покрај 5 години помладата девојка во Германија: Јавноста ја нарекува запоставена, а тие уште еднаш докажаа што е вистинска љубов
Холивудската ѕвезда и музичар, Кијану Ривс, пред нешто
повеќе од две недели ја воодушеви публиката на фестивалот INmusic во Загреб. По
спектакуларниот концерт, минатиот викенд беше виден на трката во Мото ГП во
Германија, во друштво на својата долгогодишна девојка Александра Грант.
Кијану Ривс и Александра Грант се многу среќен пар без оглед на многуте фанови кои не ја разбираат нивната врска. Тие ја задржаа својата насмевка на нивните лица и со задоволство се дружеа со обожавателите кои сакаа да се фотографираат со нив. Во неделата заедно го вееја карираното знаме кое го означува крајот на трката, дополнително воодушевувајќи ги присутните.
Кијана и Александра привлекоа внимание и со своите лежерни модни комбинации. Кијану двата дена носеше темна тексас јакна и фармерки во иста боја, додека Александра првиот ден облече шарена блуза со кратки ракави и беж панталони, а вториот ден црни фармерки и светло син џемпер.
Инаку, Кијану е голем љубител на мотоцикли и трки, а во 2011 година основа сопствена компанија за производство на мотоцикли, ARCH Motorcycle.
Имено, често може да се прочитаат коментари дека 54-годишната Александра не е „доволно убава“ за Кијану и дека изгледа значително постаро од него, иако всушност е пет години помлада. „Вистинска вештерка, сè што и недостига е метла“, „Од сите жени на светот, тој ја одбра баш неа“, „Мислам дека ова е лажна врска“, „Тој е прекрасен, но таа... Страшно е да се погледне“, „Зошто изгледа толку старо, како да му е мајка “, се само некои од лошите забелешки.
Да потсетиме, Кијану и Александра ја обелоденија својата врска во ноември 2019 година, но извори блиски до парот тврдат дека нивната врска траела со години пред тоа. Иако не се знае точно колку време се заедно, сигурно е дека во 2011 година беа барем пријатели, ако ништо друго, со оглед на тоа што тогаш излезе нивната заедничка книга „Ода на среќата“.
Ова уметница во неколку наврати истакна дека Ривс е нејзината инспирација и дека тој ја прави нејзината работа подобра. Актерот, пак, кога новинарите на магазинот „Пипл“ го замолија да го опише својот „последен момент на блаженство“, одговори:
-Пред неколку дена со мојата душа. Бевме во кревет. Бевме поврзани. Се смеевме и се кикотевме. Се чувствував одлично. Тоа заедништво беше навистина убаво“.
Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot
Избор: женаблиц