Ким Кардашијан во комбинација која Моника Белучи ја носеше во 1991-реакциите се сурови: „Кога некој ќе ѝ забрани вака да ги валка имињата на жените“ (ФОТО)
Ким Кардашијан неодамна на Мет Гала облече фустан од пет милиони долари што го носеше Мерлин Монро, златната дива на Холивуд, а овој пат реши да го пресоздаде изданието на уште една позната убавица - Моника Белучи.
Ким на Инстаграм сподели серија фотографии на кои позира во необично, сензуално издание, иако закопчана од глава до пети, а во кое ја видовме славната Италијанка пред три децении.
Станува збор за креација на брендот Dolce & Gabbana, а интересно е што Моника Белучи за прв пат му ја покажа на светот на ревијата на оваа италијанска куќа, во далечната 1991 година. Познатата Италијанка, тогаш само 27 години, овој корсет го носеше токму на ист начин како и денес Ким, а старлетата дури и ја ископира фризурата на Моника.
Foto: kimkardashian / Instagram
Очекувано, ова предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, но и поделени мислења.
„Кога некој ќе и забрани вака да ги валка имињата на жените“, „Јас да сум Моника ќе ја тужев“, „Ова е срамота“, „Зошто мисли дека е ниво на Моника“, „Можеби е добро да го облече ова, за да види дека не ѝ е ни до малото прсте на Моника“, „Изгледа како кловн и аниматор во циркус“, „Ова е сквернавење на жена како Белучи“, „Дали Моника сега седи и плаче? Затоа што јас ќе плачев ако некој ме понижи вака“, се само некои од коментарите се во слична насока.
А што велите вие - на која од овие две дами повеќе и одговара овој секси корсет?
Фото: Instagram Printscreen
„Мерилин беше божица, а Ким...“: Дизајнерот на култниот фустан распали по КардашијанОткако сите се воодушевија од Ким затоа што таа се дрзна да го облече фамозниот фустан на Мерилин Монро, старлетата се појави во уште една тоалета и повторно сите гледаат во неа