„Мерилин беше божица, а Ким...“: Дизајнерот на култниот фустан распали по Кардашијан
Ким Кардашијан е мета на критики поради одлуката да го носи култниот фустан на Мерилин Монро од 1962 година на неодамна одржаната Мет Гала во Њујорк, а сега збор за тоа даде и дизајнерот на познатиот модел Боб Меки.
Ким се осмели да облече фустан украсен со 6.000 кристали шест децении по тој настап. По нејзината ревија во Музејот Метрополитен, се јавија бројни модни експерти, зачудени како и е дозволено да носи култен модел кој е дел од американската модна историја. Музејот на Рипи „Верувале или не“, каде што се чува фустанот, исто така беше критикуван.
„Мислам дека тоа беше голема грешка. Мерилин беше божица. Луда божица, но божица. Беше фантастична“, изјави дизајнерот за Entertainment Weekly, а пренесува Daily Mail.
Тој го смета за алармантен фактот што Ким го облече познатиот фустан, бидејќи по Мерилин никој не треба да ја носи незаборавно светкавата тоалета. Боб се пожали и на фактот дека моделот може да се оштети бидејќи е исклучително нежен и не треба да се вади од внимателно осмислен простор.
Боб имал само 23 години кога ја создал скицата, работејќи како асистент на Жан Луис, а ова не е прв пат да го критикува семејството Кардашијан, за кое во 2021 година рече дека било познато без добра причина.
Обвиненијата за копирање на Шер
И тоа не беше крајот на неговите критики: Добро е познато дека Шер е одличен идол за Ким Кардашијан и дека риалити ѕвездата често ја копира. Познатиот дизајнер се изнервирал што таа и нејзиното семејство ја копирале облеката што ја дизајнирал за познатата пејачка.
„Знаете, тие заработија многу пари, па претпоставувам дека треба да се каже нешто за тоа. Ги направив тие дизајни пред толку многу години што не морав да се грижам дали ќе бидат копирани или ќе се случи нешто друго. Тоа е исто така еден вид комплимент“, изјави тој за Page Six.
Повеќе критики за Ким
Мишел Морган, која напиша неколку книги за култната актерка, исто така смета дека Ким Кардашијан не смеела да носи фустан на Мерилин Монро, истакнувајќи дека ТВ ѕвездата можела да ја оштети облеката со „пот“ и „шминка“.
Набргу по Мет Галаа, таа за Њујорк Тајмс изјавила дека е многу разочарана од она што го видела на модната ревија, бидејќи фустанот се чува под контролирана температура, а потоа се прикажува на црвениот тепих каде што се може да се случи.
Историчарот и колекционер Скот Фортнер спомнал дека фустанот по мерка е изработен за Мерлин Монро и дека тоа е дополнителна причина зошто никој друг не смее да го носи.
Критикуваше и д-р Џастин де Јанг, кој истакна дека копија од фустанот би била далеку побезбеден избор.
По прошетката на црвениот тепих, Ким Кардашијан носеше реплика на фустанот, заменувајќи го оригиналот во кој прошета само за време на парадата во музејот Метрополитен. Рекла дека има голема почит кон култната облека, дел од американската историја и дека никогаш не би седела и јадела во неа. Таа додала дека не ја носела вообичаената шминка на телото, се со цел да го зачува тоалетот.
извор: жена.блиц.рс
foto:instagram printscreen
Каква чест: Ким Кардашијан во најскапата и најубавата тоалета на Мет гала 2022 - во фустанот на Мерилин МонроОткако сите се воодушевија од Ким затоа што таа се дрзна да го облече фамозниот фустан на Мерилин Монро, старлетата се појави во уште една тоалета и повторно сите гледаат во неа