Ќе дојдеш ли на Мастер Муабет?

Денес, среда, 9-ти октомври 2019 година, со почеток во 17:00 часот во Three Kitchen and Barќе се одржи настанот “Мастер Муабет” во организација на Универзитет Американ Колеџ Скопје.

Мастер Муабет има за цел детално да ги запознае заинтересираните со МБА програмите односно постдипломските студии кои ги нуди УАКС:

- Факултет за деловна економија и организациони науки
- Факултет за архитектура и дизајн
- Факултет за компјутерска техника и информатика
- Факултет за политички науки и катедра за психологија
- Факултет за странски јазици
- Факултет за правни науки
На настанот ќе имате прилика да се запознаете со алумните и дел од професорите на УАКС, и секако да закажете информативен состанок.
Настанот е од отворен карактер и е бесплатен, но сите заинтересирани треба да се регистрираат на следниот линк бидејќи местата се ограничени.


Линк за регистрација: https://forms.gle/9KQh8x971DLu95yk8
Со вашата регистрација добивате:
- Информации за условите и начин на студирање
- Информации и искуства директно од алумни на програмите
- Информации за школарината на постдипломските студии
- Прилика да се запознаете со вашите идни ментори
- Бесплатен пијалок
-Можност за вмрежување