„Ќе го оставиш штом ќе остане без пари“: Инфлуенсерка од Дубаи омажена за милионер покажа како живее

Добивај вести на Viber

Инфлуенсерката Соуди објави видео во кое ги наведе причините поради кои би се развела од сопругот милионер

Инфлуенсерката Соуди, која е во брак со арапскиот бизнисмен Џамал, стана популарна на социјалните мрежи откако секојдневно објавува како изгледа нејзиниот живот со милионерот.

Соуди објави видео на „TikTok“ во кое ги наведе причините поради кои би се развела од пребогатиот сопруг.

„Ако ми го скрати буџетот, ако се обиде да се ожени со друга жена, ако ми купува помалку подароци неделно, ако ми каже да се здебелам поради него“, напиша таа под видеото во кое можете да видите скапи подароци и нејзиниот луксузен живот.

View this post on Instagram

A post shared by Soudi (@soudiofarabia)



Секако, не недостигаа коментари под нејзината објава.

„Тој веќе има други жени, само ти не знаеш“, „Ќе го оставиш кога ќе ги потрошиш сите пари на него“, „Мора да е вистинска љубов“, Џамал, можеш да најдеш подобра“, се само дел од коментарите.

Инаку, сопружниците живеат во Дубаи.

Во една од последните снимки на Тик Ток, Соуди опиша една од нејзините вечери. Имено, таа ја поминала пиејќи коктели со 24-каратно злато со врвен оброк, а сето тоа го платил нејзиниот сопруг. Таа го објави видеото со натпис: „Третман на принцеза е она што ми треба“.

- Ова е ден од животот на богата домаќинка која живее во Дубаи. Се разбудивме утрово и Џамал ​​рече дека ќе биде зафатен со работа, па ми даде малку пари и секако отидов во салон за убавина. Му се допаѓа кога се грижам за себе и ги трошам неговите пари на мојот изглед. Избрав супер едноставен дизајн на нокти и тој потоа дојде да ме земе. Ми рече да си ја средам косата додека тој работи завршува други обврски. После тоа ми кажа дека сака да ме изненади, па се вративме дома и се пресоблековме - вели таа во видеото.



Во видеото, таа подоцна покажа обетки за кои вели дека Џамал ​​ги дизајнирал специјално за неа, бидејќи, како што вели, тој само сака да ја разгали. Потоа Џамал ​​ја однел во скап ресторан каде нарачале коктели со 24-каратно злато. Џамал ​​дури најмил пејачка да ја пее нејзината омилена песна.

„На вечерата имавме салати, ракчиња, филе мињон и тирамису. Се разбира, Џамал ​​плати за сето тоа“, додала Соуди.

View this post on Instagram

A post shared by Soudi (@soudiofarabia)



„Сето ова изгледа толку сомнително“, напишал еден корисник.

„Ќе го оставиш штом ќе остане без пари“, коментира друг корисник.


ФОТО: Инстаграм