Ќе имаме ли последно поместување на стрелките на часовникот овој октомври?

Добивај вести на Viber

Последниот викенд од овој месец ќе ги поместиме стрелките на часовникот и ќе преминеме кон зимско сметање на времето. Но дали ова ќе биде за последен пат?

Европа донесе одлука да се укине програмата на времето, а Македонија го следи процесот на усвојување на предлог директивата и претстои усогласување на националното законодавство на РМ и определување на начинот на транспонирање на ЕУ директивата.

Предлогот на Бирото за метрологија, како што информираат од Министерството за економија, ќе биде доставен до Владата на одлучување, пренесува МИА.

- Во новата предлог директива за прекинување на сезонските промени на времето која се уште не е објавена во службениот весник на ЕК и Парламентот на ЕУ е наведено дека земјите членки треба да ја транспонираат до 1 април 2019 година и да се изјаснат за изор на стандардно време кое ќе се применува на национално ниво. Бирото за метрологија ги следи случувањата во однос на процесот на усвојување на директивата за прекинување на сезонските промени на времето. По усвојување на предлог-директивата, претстои усогласување на националното законодавство на Република Македонија и определување на начинот на транспонирање на горенаведената директива, а предлогот од страна на Бирото за метрологија ќе биде доставен до Владата на РМ на одлучување, наведуваат од Бирото за метрологија.

Целиот текст читајте го на Фактор.мк тука.