Ќе остане во болница уште долго: Неда Арнериќ во депресија
Славната актерка Неда Арнериќ, која на крајот на февруари се обиде да се самоубие во нејзиниот стан во Белград е вон животна опасност, но нејзината состојба е сѐ уште сериозна.
Спред порталот „Србија данас“, лекарите од ВМА од Белград велат дека по осум дена откако е во болница, Арнериќ е многу подобра, но е и понатаму нерасположена и депресивна.
И покрај тоа што е состојбата ѝ е подобра, лекарите донеле одлука познатата актерка да остане во болница уште еден месец. Со оглед на тоа дека во болницата е донесена на работ на смртта поради прекумерена доза на апчиња за смирување, во комбинација со апрчиња за хипертензија, лекарите велат дека Арнериќ ќе остане во болница цел месец. Таа се бори со депресијата откако лани во декември, по долга битка со ракот, почина нејзиниот сопруг, познатиот доктор Милорад Мештеровиќ.