„Ќе се исполни пророштвото за Камила. Ја стигнува кармата за сѐ што ѝ направи на Дијана“: Овие зборови на блиска личност до покојната принцеза се застрашувачки
Многумина се занимаваат со животот на членовите на кралското семејство, а меѓу нив е и астролог кој пред две години изјави дека „кармата ќе ја стигне“ кралицата Камила за се што направила, пишува „Дејли мејл“.
Британското кралско семејство минува низ тежок период поради болеста на кралот Чарлс, која ја доведе во прашање иднината на монархијата, дијагнозата на Кејт Мидлтон и разните теории на заговор и шпекулации кои го обиколија светот.
Многу следбеници на британското кралско семејство беа изненадени и загрижени од неодамнешната бизарна објава за наводно точниот датум на смртта на кралот Чарлс, што немаше да биде толку забележливо доколку во истото соопштение, кое се појави во јули 2022 година, не беше наведено дека кралицата Елизабета ќе умре на 8 септември истата година, што на крајот се покажа дека е точно. Исто така, беше споменато и пророштвото на Нострадамус, во кое се зборуваше дека „кралот“ ќе го наследи личност „која нема белег на крал“, што наведе многумина да се запрашаат - што ќе биде со принцот Вилијам и дали неговата судбина ќе биде под влијание на неговата сопруга Кејт Мидлтон која поминува низ тежок период.
Меѓутоа, личноста која остана во сенка е кралицата Камила која иако презеде дел од кралските должности остана во сенка. Сепак, британските астролози тврдат дека Камила има важна улога зад сцената. Тоа го потврди и славната Деби Френк, личниот астролог на покојната принцеза Дијана, која тврди дека Камила е подготвена за големите промени кои ја очекуваат.
„Родната карта на Камила зборува за „моќта зад тронот“. Нејзе и одговара да биде зад сцената сите овие години бидејќи е многу воздржана личност. Она што се промени е фактот дека нејзината моќ станува многу видлива, но таа ќего чува секогаш нејзиниот приватен живот во четири ѕида каде што може да се сокрие“, рече Деби. Астрологот Џеси Адамс пред две години за британските медиуми изјави дека 2023 година ќе биде значајна за Камила, но веројатно не на начин на кој таа би сакала.
Тогаш таа тврдеше дека во таа година, односно минатата 2023 година, Камила ќе ја стигне кармата за работите што ги правела во минатото.
„Кога велам карма, мислам дека она што им го направила на другите ќе и се врати на некој начин“, објаснила Џеси. Покрај тоа, таа рече дека во текот на 2023 година, на Камила ќе и се врати кармата во два периода од животот, оној од декември 2004 до јуни 2006 година и за периодот од април 1986 до ноември 1987 година. Ако се потсетиме, во 1986 г. , Камила имала афера со Чарлс, кој во тоа време бил во брак со принцезата Дијана, така што нема многу нагаѓања на што точно се однесува „кармата“, а самиот астролог рекол дека ќе биде обвинета, изјавувајќи: За Дијана“.
Иако веста за болеста на кралот Чарлс беше објавена во февруари оваа година, всушност е малку веројатно дека неговата дијагноза била објавена во јавноста веднаш штом дознале за тоа, што всушност би значело, според британските медиуми, дека кралот веројатно се разболел во 2023 година. Таа година, како што веќе споменавме, беше објавена фаталната судбина на Камила, а астрологот нагласи дека „враќањето на кармата“ ќе се случи во текот на 2023, 2024 и 2025 година.
Foto: Instagram
Izvor> zena.blic.rs