Ќе се стопите: Алба, двегодишната ќерка на Петар Грашо го пее неговиот најголем хит (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Преслатка е малата Алба

Пред две години пејачот Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хулиќ за прв пат станаа родители, ја добија ќеркичката Алма.

Пејачот кој е миленик кај женската публика и кој има многу убави балади овојпат ја разнежни јавноста со видео на кое неговата ќерка која има само две години и ја пее негова песна „Ако те питају“. 

Малото девојче седи на пијаното и допрена до микрофонот со искрен детски глас го пее хитот на нејзиниот татко.

Гордиот татко, пејачот Петар ја поддржува Алба со свирење и потпевнува, но пред се‘ не може да ја сокрие најискрената насмевка и гордоста дека Алба ја наследила музикалноста од него.

Видеото кое многу бргу стана вирално,погледнетего ОВДЕ.


Фото: Фејсбук - Видео- screenshoot