ЌЕРКАТА НА ЈОВАН ЈОВАНОВ Е ПРВАЧЕ: Во Канада супер напредуваме

Добивај вести на Viber

Ќерката на композиторот и продуцент Јован Јованов, Малеа, тргна во прво одделение. Јован со  сопругата Николина, која е инженер во компанија за производство на автомобили и со ќерката веќе две години живее во Торонто, Канада. Јованови во 2014 година си заминаа од Македонија. Пред Канада, тие живееја во САД.

Јован со ќерката Малеа и со сопругата Николина во Торонто 

„ Во Канада прилично бргу се вклопивме. За две години, јас го отворив моето музичко студио, направив доволно контакти во музичкиот свет и целосно работам и живеам од музика. Го правам истото што го правев и во Македонија. На мојот сајт www.jovanjovanov.com , често поставувам песни што ги работам за тука. Ќерка ми перфектно се вклопи тука. Мене лично ми се допаѓа Торонто. Нуди доста можности да напредуваш“, изјави Јован во интервју за Женски магазин. 

Тој додаде дека цел живот имал желба да си замине од Македонија, и жал му е што тоа не се случило порано. Јованов раскажа дека успехот што го постигнал на млади години го залажал за да остане и повеќе отколку што планирал. 

„ Уште како дете, сон ми беше да живеам во Америка, поточно во Беверли Хилс. Не знам ни јас зошто толку чекав, но веројатно требаше да имам и доволно средства и искуство, па така во 2014 година заминав за Холивуд, за да се усовршам во областа за саунд инжинерингот. Пред да тргнам за Америка, јас и моето семејтво веќе аплицираме за иселеничка канадска виза. Така што, ние бевме комплетно решени и подготвени да заминеме. Или во Америка или во Канада“, ни раскажа Јованов. (М.Џ.)