Ќерката на најпознатата Кенијка кај нас Емакулате и Михајло прослави роденден: Дариа наполни 3 години
Бел нежен фустан со голема панделка на средина, торта во знакот на мики маус и забава во игротека имаше за малата Дариа, ќерката на најпознатата Кенијка кај нас, Емакулате Вандера и Михајло Блажевски.
Дариа која е плод на љубовта меѓу Емче и Мики наполни три години. Таа ги наследила во голема мера гените на мајка си и е преслатко умно девојче.
Во јануари, Ем и Мики прославија 5 години брак.
Ем и Мики имаат интересна љубовна приказна која ги урива сите можни предрасуди. Се запознале преку Интернет, љубовта преку жици ја негувале скоро две години за кога Ем ќе дојде во посета на Македонија да ја крунисаат со брак. Се почнало со еден комплимент кога Ем работела како учителка во Тајланд. Ковид пандемијата им ги помести плановите за свадба, но како што ни откри Емче, таа ќе се случи наскоро.
Емакулате добро ја прифатило и семејството, и пријателите на Мики, а ни раскажа дека ги обожува и јадењата кои ѝ ги подготвува свекрвата Блага, а свекорот како што ни рече е задолжен за десертите. И се допаѓа културата и традициите кои ги негуваат Македонците за кои вели дека се гостопримлива нација и големи патриоти.
Нивната љубовна приказна може да ја прочитате овде.