Ќерката на Наум и Зуица е апсолвентка: Црвенокосата Македонка со тренди изглед во сина боја (ФОТО)

Ќерката на позната фолк двојка Зуица Лазова и Наум Петрески е апсолвентка

Убавата Македонка за оваа пригода избра младешка модна комбинација во небесно сина боја. Имено станува збор за кратко сако и кратки пантолони со преклоп, искомбинирани со бела маичка и нежен накит.

Инаку црвенокосата Македонка е студент на Факултетот за музичка уметност, каде студира соло пеење.

- Мојата прва вистинска среќа... апсолвент - напиша гордата мајка Зуица за фотографиите.