Ќерката на Роби Вилијамс деверуша на кралската венчавка

Добивај вести на Viber

Ќерката на Роби Вилијамс, шестгодишната Теодора, ќе биде деверуша на свадбата на Принцезата Еугенија, внука на британската кралица Елизабета, и нејзиниот свршеник Џек Бруксбенк. 

На венчавката, наводно ќе има 850 гости, а организатор е Перегрин Амстронг- Џон, кој ја организираше и венчавката на Дејвид и на Викторија Бекам. Амал и Џорџ Клуни, Кејт Мос, Елтон Џон, Џејмс Блант и други познати личности се дел од гостите, а за музиката ќе биде задолжен Андреа Бочели. 

Принцезата Еугенија не се срами што нејзиниоот иден сопруг со кого ќе се венча денеска е поранешен келнер. Кога се запознале, Џек работел во коктел бар, и токму тој бил причината принцезата да стане редовна гостинка на локалот, пишува британски “Телеграф“. Венчавката која ќе се одржи во замокот Виндзор, ќе биде втора венчавка во кралското семејство годинава. Во мај, на истото место во брак стапија принцот Хари и Меган Маркл.  Еугенија има 28 години, и е втората ќерка на принцот Ендрју и Сара Фергусон, војвотката од Јорк. За британскиот престол, таа е деветта во редот. 

Еугенија работи како директор на Уметничка галерија во Лондон, и нема задолженија за официјални кралски должности, исто како нејзината постара сестра, принцезата Беатрис.  Идниот младоженец, сега работи како претставник на брендот „Касамигос“, текила лансирана од актерот Џорџ Клуни.