Ќерката родена во Скопје е болна од канцер: Пред некогашната ракометарка Лариса Кисељева голема животна борба

Добивај вести на Viber

Пред голема животна битка е исправена некогашната македонска репрезентативка Лариса Кисељева.

Имено, нејзината ќерка која е родена во Скопје се бори со канцер на ногата.

Поради тоа се спроведува акција за финансиска помош на семејството на Кисељева.

Сите детали на кои може им се помогне финансиски на Кисељева и нејзиното семејство ги има овде.

Лариса Кисељева до 2008 година играше за Македонија, но и за клубот во кој оставаше срце на терен како лево криво. Настапуваше за Кометал Ѓорче Петров.

Кисељева сега живее и работи во родниот град Ростов Дон. Таа е доцент на катедрата за спорт на Универзитетот во Ростов, тренер е на машката и женската универзитетска ракометна екипа, а исто така ангажирана е и во Ростовската федерација за младински ракомет.