Ќерките близначки на Диви Ангелов се полуматурантки: Инес и Ноели израснаа во прекрасни девојки (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Ќерките близначки на поранешниот македонски репрезентативец,  ракометниот голман Петар Диви Ангелов се полуматурантки

Имено близначките Инес и Ноели го завршија основното образование, а гордиот татко сподели нивни фотографии со емотивен опис:

„Седми јануари 2009та година. Божиќ. Сите дома со семејствата освен ние ракометарите. Подготовките за светското првенство во Хрватска во полн ек. Ракометот секогаш ми бил во главата, но тие денови едноставно ми беше претешко да се фокусирам, особено не по повикот кој ја наруши тишината во хотелската соба. Имаме две ќеркички, се родија Инес и Ноели!!! Тоа беше се што слушнав од другата страна, а потоа тотална експлозија од емоции во главата и солзи измешани од радост и тага по лицето. Станав татко на две прекрасни девојки, а нема да ги видам уште четири недели. Следните денови беа пеколни, но не физички, туку психички. Желбата да ги гушнам тие две мали бебиња беше голема исто колку и гордоста и честа да се брани дресот на Македонија. Отпатувавме за Хрватска. Адреналинот пред натпреварите ми го врати фокусот и имав неколку одлични натпревари, но после нив, мислите ми беа само со семејството дома во Македонија. Првенството беше фантастично, а единаесеттото место во светот донесе радост за многумина во време кога и немавме многу на што да се радуваме. Но, мојата радост ме чекаше дома. И ете ме, конечно со тие две мали бебиња во рацете, две мали девојчиња кои ќе ми го променат светот засекогаш. Од тој ден до денес поминаа нешто повеќе од 15 години, двете бебиња пораснаа во две убавици кои денес го заокружија основното образование, и се на почеток на нова уште повозбудлива страница од нивниот живот. Инес и Ноели, девојки мои најмили, знаењето и другарствата стекнати сите овие девет години нека Ви бидат водилка за се она што ќе Ви го донесе животот, и нека Ви бидат мотив за уште многу животни победи. Ве сака Tато!!!“


Ангелов од бракот со Јасминка го има и 18-годишниот син Лео.