„Ќерко, мајка те моли да се јавиш ако си жива“: Срцепарателниот плач на мајката на исчезнатата Емилија- „8 дена не знаеме ништо“

Добивај вести на Viber

Емилија Јовановиќ (14) исчезнала во ноќта меѓу средата и четвртокот, а нема нови информации и по осум дена од исчезнувањето. Потресената мајка на девојчето, Наташа Јовановиќ во програмата во живо низ солзи ја повика ќерката и секој што знае нешто за нејзиното исчезнување да се обрати или кај неа или во полиција. Како што рече, полицијата нема нови информации за исчезнатото девојче, а на улицата Филип Вишњиќ во Белград и се губи секоја трага.

- Немаме никакви информации. Ја имаме првата и последната информација дека влегла во улицата Филип Вишњиќ и таму исчезнува. Немаме никакви информации, тоа е единствената информација што ја имаме веќе осум дена. Ни кола, ништо, полицијата ни кажа дека и се губи трагата. Таа немаше телефон, колку што знаеме. Немаме ни трага – низ солзи вели Наташа.

Видно вознемирена и потресена ја повика ќерка си да даде каков било знак, само за да покаже дека е жива.

- Ќерко, само да ни дадеш некој знак, да ни кажеш дека си жива, мајка те моли. Ги молам луѓето со добра волја, ако некој видел или слушнал, да не извести. Осум дена тапкаме на место, не знаеме дали е жива или гладна, дали некој ја киднапирал или не. Немам поим каде отиде, дали отиде, дали е жива - низ солзи раскажува Наташа, мајката на исчезнатото девојче.

Несреќната мајка апелира секоја информација да биде пријавена или во полиција или кај неа.

- Никој ништо не знае, никој од нејзините пријатели. Веднаш е започната потрага. Полицијата работи, но нема апсолутно ништо - вели мајката низ солзи во утринската програма на ТВ „Прва“.

Девојката е висока 160 сантиметри, тешка 50 килограми, кафени очи и коса, а секоја информација за неа може да се пријави на 065 5130220.