„Ко не полуди, тај није нормалан“ - Горан Бреговиќ преку видео порака ја повика македонската публика на концерт

Добивај вести на Viber

Добропознатата музичка икона, една од најголеми Балкански ѕвезди, кој има оставено неизбришлив печат во својата три децениска кариера, Горан Бреговиќ- Брега преку видео порака ја повика македонската публика да биде дел од големиот МЕГАКОНЦЕРТ во Дискотека „Де Факто’ – Гевгелија.

Потенцирајќи дека македонската публика е навикната да слуша добра музика, Бреговиќ го најави спектакалот кој ќе го приреди заедно со својот „Оркестар за свадби и погреби“, на 25ти јуни (сабота), во „Де Факто“ – Гевгелија.

Една од неговите изјави во видео-пораката сигурни сме дека ќе ве насмее и ќе предизвика носталгичност кај љубителите на добрата музика – „Ко не полуди, тај није нормалан“. Оваа порака истовремено е наслов на еден од албумите на групата „Бијело дугме “ во која ГоранБреговиќ е еден од поранешните членови.

Големите хитови на Бреговиќ како што се „Месечина“, „Калашњиков“, „Едерлези“ и многу други се слушале, и ќе се слушаат уште многу години низ целиот свет, а за „Де Факто“, Бреговиќ потенцираше дека приредува „сѐ и сешто“ од музика.

Концертот сигурно ќе биде нешто по кое ќе се памети ова лето, па така илјадници гости кои со нетрпение го чекаат денот, долго ќе зборуваат за овој спектакал.

Запамтете го датумот на концертот на кој сите се радуваат!

Карти на https://defacto.com.mk/nightclub/shop-list/