Кога Ана открила дека Димитрије има љубовница, му рекла да ја донесе, еве ви ги и децата: Наскоро тој станал најнесреќниот човек

Добивај вести на Viber

Колку пати сме слушнале за ситуации кога сопругот го напушта семејството поради друга жена? Оваа приказна, сепак, има необичен исход

Ана и Димитрије поминале пет години во брак. Во тој период тие станале родители на две момчиња, близнаци. Нивните тригодишни синови биле исклучително активни и тврдоглави, но Ана успеала да се справи со нив.

Таа верувала дека ја живее совршената приказна: сопруг кој ја обожава неа и двата сина како круна на нивната љубов.

Меѓутоа, нејзиниот свет се распаднал кога Димитрије ѝ открил дека сака друга жена и дека планира да започне нов живот со неа. Ана преокупирана со грижата за своите синови не забележала дека се случува такво нешто, па оваа вест за неа била уште поголем шок.

Таа погледнала назад во својот најлош кошмар. Цел живот се плашела од такво сценарио, завршувајќи како разведена жена со две мали деца.

Кога сопругот ѝ ја кажал вистината, таа не направила скандал. Направила нешто неочекувано: му рекла на сопругот слободно да остане во нивната куќа, згора на тоа да ја донесе и неговата љубовница!

Димитријe на почетокот мислел дека Ана полудела, но кога почнала да си ги пакува работите следел вистински шок. Имено, оваа жена одлучила дека таа ќе замине, а децата и сопругот ги оставила дома на грижата на неговата љубовница.

„Јас сум таа мајка која ги остави децата на сопругот и на неговата љубовница, но не затоа што бев себична, туку затоа што ми беше преку глава. Ми здосади да бидам грижлива мајка и добра сопруга, се по список, а дека најлошото ми се враќа. Сега ќе мислам само на себе.

Таа се согласила да плаќа алиментација за момчињата, си собрала се‘ и заминала. Секој викенд доаѓала да ги земе децата, ги чувала и на празници или кога Димитрије не можел.

Но, љубовницата на нејзиниот сопруг одбила да биде мајка на нивните деца. Сето тоа ѝ било заморно и не сакала да живее во таква заедница. Таа го сакала Димитрије, но не и неговите деца.

По неколку недели заеднички живот Димитрије останал без љубовница и сопруга.


Фото: freepik