Кога е вистинско време децата сами да тргнат на одмор во летен камп?
-Кога е вистинско време родителите да ги пратат децата сами на одмор, со наставник или со спортски тренер ќе зависи од многу работи. Една од нив е тоа дали детето посетувало предучилишна установа, во колкава мера е социјализирано или не итн. Додека насекаде во светот Монтесори школите органиираат летни кампови за деца од 2 години нагоре што е сосема здраво и педагошки издржано, генерално кај нас децата се подготвени за летен камп веќе од својата навршена седма година т.е по завршување на прво одделение“, вели за Женски магазин детскиот психолог и психотерапевт Христина Стефановска.
Родителите имаат страв да го пуштат своето дете само на одмор и постојано се прашуваат кога е правилно време да го сторат тоа. Подготвеноста и на родителите, како и на децата пред оваа одлука е од голема важност.