Кога кон другите луѓе почнете да се однесувате онака како што и тие се однесуваат кон вас

Добивај вести на Viber

Кога кон другите луѓе почнете да се однесувате онака како што и тие се однесуваат кон вас, тие стануваат избезумени, почнуваат да му се чудат на тоа ваше однесување.

Се прашуваат со што заслужиле такво однесување, бараат сериозни одговори, ги преиспитуваат причините, а така е очигледно. Неверојатно е како тоа луѓето не можат да го видат. Неверојатно е како не можат да го препознаат своето лице и да откријат што се случува а се е толку едноставно.

Кога кон другите почнете да се однесувате така како што тие се однесуваат кон вас, гледате дека тоа на долги патеки не оди. Чувствувате дека не можете да ги спуштите своите критериуми и да ги изневереите своите стандарди, бидејќи не сте такви и не можете против својата човечност. Во вашите намери секогаш тежнеевте кон она доброто во кое верувавте и би сакале тоа да биде еднакво и во намерите на другите. Но, не се сте луѓе исти, не ги поместуваат сите своте раменици, не бараат сите заеднички интереси.

Затоа немојте премногу да се оптеретувате со однесување на другите кон вас, не сфаќајте се лично. Многу од она што го гледате околу себе во светот е илузија во која живеат многу луѓе, замислувајќи дека се нешто големо и важно, а всушност ни самите себе не се јасни. Задржете го својот мир фокусирајќи се на она што вам ви е важно, градете го својот свет, одете по своите цели, не спредувајќи се со тоа кој каде дошол и кој што има.

Многу пати ќе ја почувствувате студената рака на другиот на своето рамо, но не земајте ја премногу на срце.

Пронајдете луѓе на кои може да им верувате и кои ве почитуваат такви какви што сте. Живејте за луѓе кои живеат за вас. Има уште такви кои веруваат во светот на моќта на приателството и кои се препознаваат по она внатре во себе, а не по маркирани одела кои ги носат на себе. Живејте така како што ве одгледале, убавината на вашиот свет ништо нема да ја помати, а останатите нека зборуваат и прават што сакаат. Секој сам ќе ја плати својата сметка.