„Кога сама ќе си направи дете од епрувета, излегува како да си го купила“: Изјавата на Наташа крена голема прашина, друга реагираше: „Таа жена овозможила живот!“
Наташа Ковачевиќ Њежванова, водителка на емисијата „Дами со срце“,
го искажа својот став за жените кои одлучуваат сами да одгледуваат дете и со
својата изјава крена голема прашина.
На прашањето дали е во ред жената сама да донесе одлука за раѓање и одгледување дете, Наташа Ковачевиќ Њежванова го кажа своето мислење во емисијата „Дами со срце“:
„Мојата најголема желба во животот беше да бидам мајка, а за мене семејството, култот на семејството, култот на бракот е свето. Имав многу јасни ставови за оваа работа во сите мои јавни обраќања. Јас мислам дека е себична одлука да се исполни твојата желба, сметам дека на детето што ќе го родам му ја ускратувам институцијата семејството, а тоа подразбира двајца родители. Дали би ја осудила жената која би го направила тоа? Не. Дали би го гледала тоа дете како помалку достојно од моето? Не. Дали јас тоа би го направила? Не, кажа Ковачевиќ. Потоа следеше делот кој крена голема бура.
„Кога сама си прави од епрувета (дете),тоа му доаѓа како да си го купила“, изјави Њежванова.
Адвокатката Зора Добричанин Никодиновиќ бурно реагираше на излагањето на Наташа.
„Не, не, не... Мнозинството жени имаат намера да имаат комплетно семејство, но тоа што не може да се погоди со некој маж, да живее со него, не значи дека таа треба да се лиши од родителството. Никогаш нема да ја поддржувам вашата теорија. Мојата теорија е дека жената може сама да одгледа и да воспита дете. Тие се среќни, исто како што тие деца се среќни што се живи наместо да не постојат! Таа жена овозможила живот“, заклучи Добричанин.
Изјавата на Наташа Ковачевиќ предизвика лавина коментари на мрежите.
„Мајка ми ме роди пред 40 години, бидејќи другата страна не сакаше да ме признае како негова, без неа немаше да постојам и вечно ѝ благодарам за тоа. Доколку таа одлучи така, на тоа дете никогаш ништо нема да му недостига, дури ни тој татко, особено што многумина се ужасни кон семејството“.
„Толку жени се мажени, па сами воспитуваат дете, а сега се расправа дали можат да живеат без партнер. Таа е жена, може се‘. Таа е 100 пати посилна кога е сама, па се потпира исклучиво на себе и не очекува помош и поддршка од никого.“
„За каква себичност зборуваш? Кога еден родител ќе воспитува дете, тоа е голема жртва, а не себичност. Никој од нас не ги прашал децата: дали сте добро што ние сме ваши родители? Дали сте добро што тато/мама ве остави? Дали е во ред тато/мама да умре додека си млад? Ако некој е толку многу одоговорен и со широки сваќања, ете, јас сеизвинувам. Саканите деца треба да се раѓаат, занив не се грижам. Несаканите секако си гоносат својот крст цел живот.“