Кога се запознале, таа имала само 16 години, тој 20: Беа во брак 34 години, сè додека смртта не ги раздели!

Добивај вести на Viber

Нивниот живот беше далеку од бајка. Исполнет со болести, злоупотреба, алкохолизам, но љубовта надмина сè

Починатиот американски актер и sвезда на филмот „Валкан танц“, Патрик Свејзи, беше еден од најпопуларните и најпосакуваните мажи во своето време, но неговото срце сепак и припаѓаше само на една жена што ја сакаше од мали нозе.

Неговиот живот се сменил кога имал 20 години и кога за првпат ја видел Лиса Нијеми, која тогаш имала само 16 години и со која на крајот поминал 34 години брак. Нивната љубовна приказна потсетува на онаа од „Валканиот танц“ бидејќи започнала во училиште за танцување каде што Лиса се запишувала на часови за танцување, а кои ги водела никој друг, туку мајката на Патрик, Патси. И покрај фактот дека тие во тоа време биле многу млади, тие веќе чувствувале нешто еден кон друг, како невидлива врска што не можеле да ја опишат.

„Излеговме на сцената, го погледнав во очи и одеднаш се чинеше како сè да заживеа“, се присети Лиса на нивниот прв настап, иако тој морал да даде се од себе за да ја придобие.

Во неколку наврати, Патрик изјави дека Лиса го маѓепсала на прв поглед, и така зборуваше тој сè до неговата смрт во 2009 година, кога почина од последиците од рак на панкреасот. 

„Знаев дека таа е најпаметната девојка што некогаш сум ја сретнал. Никогаш претходно не сум сретнал некој како неа", рече Патрик во интервјуто за списанието "Пипл" во 2007 година.

Можеби е тешко да се замисли дека толку посакуван ерген како Патрик ќе треба да се обиде да освои девојка што му се допаѓа, но како што се покажа, Лиса Ниеми навистина не била како другите девојки. Пет години подоцна, на 12 јуни 1975 година, парот се ожени и остана во брак до последниот ден од животот на Патрик.

Лиса му беше голема поддршка во текот на неговата кариера, помагајќи му во култните танцови сцени од „Валкан танц“, а исто така го инспирирала и за неговата балада „She is like the wind“. Тие глумеа заедно во филмот „Последниот танц“, кој Лиса го напиша и го режираше самата. Покрај тоа, тие водеа градежна компанија, се занимаваа со одгледување коњи на ранч во долината Сан Фернандо. Живееа скоро идиличен живот, сè додека не ја дознаа потресната вест.

Тоа беше во март 2008 година кога на актерот му беше дијагностициран рак на панкреасот, кој веќе беше во четвртата фаза, по што животот им се свртел за 360 степени.

Лиза призна дека се чувствувала ужасно поради дијагнозата и болеста на нејзиниот сопруг.

„Бидејќи во тие моменти се боревме за неговиот живот, си велев себеси дека може да се расипам, да плачам, да паничам, но не тогаш. Донесов одлука дека ќе бидам она што требаше да бидам за да се чувствува подобро“, ризјави таа во една прилика.

За неа, тоа значеше да биде со него во секое можно време. Таа го држеше за рака, го носеше на прегледи, му даваше лекови, па дури и се едуцираше за неговата состојба и болест. 

„Чував обемни белешки за сè, бидејќи знаев дека тој не е единствениот пациент на неговите лекари и морав некако да придонесам за неговото здравје. Да му се посветам нему на начин на кој никој друг не можеше", откри таа во едно интервју .

И покрај се што беше во нејзина моќ да му помогне на Патрик, најлошото допрва претстоеше. На 14 септември актерот почина во нивната семејна куќа.

„Мислев дека 22 месеци, сè додека трае болеста, ќе имам доволно време да се навикнам на идејата да го изгубам. Но, кога тоа навистина се случи, тоа беше огромна и неопислива болка. Се чувствував како да ме прегазил камион“, признала Лиса. 

Но, последниот збор што го разменија таа и Патрик сепак остави неизбришлива трага врз неа и влијаеше на нејзините идни врски, што ги опиша во своите мемоари од 2011 година „Вреди да се бориш“ и откри што е последното нешто што ѝ го рекол, а и рекол дека ја сака.

По неговата смрт, Лиса пронајде нова љубов со златарот Алберт ДеПриско, кој ја запроси. Во едно од интервјуата, таа изјави дека го сонувала Патрик еден месец пред венчавката и го сфатила како благослов и охрабрување да продолжи со животот.

Но, само десет години по смртта на нејзиниот сопруг, Лиса можеше јавно да проговори за нивната врска и љубов, но и за некои непознати детали од животот на актерот во документарниот филм „Јас сум Патрик Свејзи“. Во него, меѓу другото, откри дека нејзиниот покоен сопруг бил жртва на злоупотреба како дете од неговата мајка, која го тепала до неговата 18 година, но дека подоцна успеал да изгради здрава врска.

Патрик и Лиса никогаш не станале родители, а таа имала спонтан абортус во 1990 година, што му го скршило срцето затоа што тој повеќе од сè сакал да стане татко. Тоа се случило меѓу две големи трагедии што го потресоа нивното семејство, бидејќи во 1982 година, неговиот татко почина од срцев удар, а во 1994 година, неговата сестра Вики си го одзеде животот. Сето ова го навело актерот кон зависност од алкохол, што влијаело на неговиот деловен и приватен живот. Тој и Лиса биле на работ на развод во 2003 година, но тие побарале помош од јасновидец кој наводно им помогнал да ја залечат врска затруена од недоверба и горчина.

Двојката се смири во 2004 година и успешно ја надмина тешката ситуација и продолжи да се сака сè до кобниот есенски ден кога Патрик почина, а Лиса остана сама.


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Парализа, срцев удар, рак: Љубовна приказна со најтажен крај, синот на актерската двојка остана сираче на 13. години

Му беше партнерка на Свејзи во „Валкан танц“: Денес нема да ја препознаете