Кога застанав на вага, останав шокирана: Како Марија Шерифовиќ ослабе 3 килограми за пет дена
Нејзиниот конфекциски број значително се променил
Марија Шерифовиќ за пет дена успеа да ослабе три килограми. Како што вели, никогаш не успеала да ослаби побрзо, па ова прилично ја изненадило. Сè се одвивало во периодот кога таа одржуваше концерти во март.
Тие денови речиси цело време била под стрес.
- Се измерив пред првиот концерт, а потоа по пет дена повторно се измерив. Видов дека имам три килограми помалку. Бев во шок, никогаш досега не сум ослабела толку брзо – рече Марија, и откри дека мисли дека стресот е пресуден.
- Бев изложена на невиден стрес! Не можев да јадам ништо, ги прескокнував повеќето оброци. За појадок јадев само јајца или јогурт со тост. Не стигав ни да ручам.
Поради новата килажа пак, нејзината гардероба преку ноќ станала голема.
- Кога отидов да го пробам оделото за последниот концерт во Белград, ми беше огромно! Шнајдер повторно ми ги измери облините и испадна дека обемот на стомакот, половината и нозете ми се намалени за четири и пет сантиметри, што е фантастично. Секогаш сум среќна кога слабеам – објаснува Шерифовиќ, пишува „Информер“.
Пејачката е на посебен режим, со чија помош ја одржува линијата. Исфрлила само две работи од исхраната - слатки и тестенини, но сепак, тоа вели дека не може постојано да биде без грицки.
Очите и душата ми се гладни!
- Секогаш сум гладна! Гладни ми се душата и очите! Ми се случува да огладнам среде ноќ, па го отворам фрижидерот само да најдам нешто интересно, што и да е... Понекогаш се воздржувам, но не секогаш - беше искрена.
Иако е голем гурман, Марија не сака да подготвува храна, но за тоа е задолжена нејзината мајка.
- Верица готви, јас не! Ѝ забранив кај мене да приготвува храна, бидејќи тогаш цела куќа ми смрди на кромид. Ѝ реков: „Оди во друг стан, готви, и врати се“.
Сакам да јадам сарма, супа, мусака... Но кога мајка ми ќе почне да готви со кромид, доживувам нервен слом -заклучи Марија во нејзин стил.
Појадок
Палента или овесна каша со овошје.
РУЧЕК
Лосос или говедско месо.
ВЕЧЕРА
Цезар салата или јогурт со чиа семки.
извор:24sedam