Кога жената е искрено сакана, таа станува најдобрата верзија од себе

Добивај вести на Viber

Колку пати сте биле повредени од личноста што ја сакате? И колку пати само ѝ дадовте уште една шанса?

Љубовта не треба да боли. Не мора да плачете секоја вечер бидејќи реалноста боли. Вашата грешка е што мислите дека љубовта е страдање, а тоа не треба да биде. Личноста која има искрени чувства кон вас нема да сака да ве повреди. Вистинската љубов треба да ви даде крилја! Кога некој вистински ве сака, ќе направи се за да ве направи среќен.

Можеби претходно сте имале врски кои изгледале како пекол, можеби сте биле со мажи кои ги гледале само вашите маани. Поради такви работи тешко ви е повторно да верувате во љубов. Но, треба да знаете дека не е виновна љубовта, виновни се луѓето! Не страдаш поради љубов, туку поради лош човек. Вистинска љубов е кога можете да ги покажете сите ваши слабости и да не се грижите дека тие ќе бидат искористени против вас.

Вашиот маж треба да ги прифати. Кога некој искрено те сака, стануваш СУПЕРЖЕНА! Тогаш станувате најдобрата верзија од себе. Вистинската љубов е тука за да ве инспирира и мотивира. А ако боли, тогаш не е љубов. Вистинската љубов треба да лекува, а не да предизвикува болка!