Кои се четирите дами чии аптеки направија приход поголем од 130 милиони евра?

Водење аптеки е женски бизнис во Македонија. И тука дамите целосно доминираат. Веројатно затоа што тоа бара деталност, педантност, трпение и на крај кога ги гледате профитите силно изразена емпатија кон клиентите. А овие се претежно женски особини, факт, сакале да признаеме или не. Во овој бизнис и лани доминираа сестрите Механџиски, нивната бизнис партнерска Пепиќ и амбициозната и успешна битолчанка Анѓелка Белазелкоска, сопственичката на Еурофарм.

Жените се исклучително вешти и способни бизнисмени кога станува збор за организирање малопродажба на лекови, медикаменти, препарати и се друго што може да се купи во нашите аптеки, покажуваат официјалните податоци за 2022 година достапни во базата на ЦРМ. Важно е и тоа што генерално тој бизнис има голем потенцијал во земјава и е во континуиран пораст. Во својата структура тој е многу асиметричен. Има три мега компании кои лани генерирале приход поголем од 130 милиони евра и голем број средни или мали аптекарски фирми. Но малите аптекарски компании, иако во вкупниот приход учествуваат со помалку од 30 отсто, се покажале многу поумешни од големите во остварувањето профити.

Сестрите Викторија и Христина Механџиски (ќерки на аптекарскиот маг Благоја Механџиски), нивната партнерка Лана Пепиќ и Анѓелка Белазелкоска од Битола се најголемите играчи на македонскиот аптекарски пазар. Меѓу нивните три аптекарски фирми се води „битката на титаните“ на македонскиот аптекарски пазар на кој овие три фирми оствариле приходи повисоки од 130 милиони евра. Воедно овие четири дами се најголеми работодавачи и во нивните три компании вработуваат 1.500 лица!!!

Детали на Фактор.мк