Кои се и што прават денес?! - Децата на актерите од македонските народни приказни – Ниту еден од нив не тргна по стапките на своите родители

Добивај вести на Viber

Нема кој не се сеќава на главните ликови од македонските народни приказни, кои беа задолжителна „читанка“ за време на зимскиот и летен распуст како дел од едукативно – рекреативната програма на Македонската Радио Телевизија.

Ѓорѓи Колозов како цар, Лазар Бараков како селанец, Гоце Тодоровски како кадија, Ванчо Петрушевски како еким, Шенка Колозова како жена-змија, Стојна Костовска како примерна и итра домаќинка. Сите овие ликови оставија белег во меморијата на една генерација која растеше со нив.

Македонските народни приказни со актерските доајени беа едни од најгледаните телевизиски серии кај нас.

Најпознатиот актерски пар, Шенка и Ѓорѓи Колозви

Ѓорѓи со потекло од Богданци, Шенка од Добрево, Пробиштипско, нивната љубовна приказна започнала на млади години. Почитта и довербата траела се до смртта на актерот во 2003 година.

Додека беа во брак, ги добија ќерките Катерина и Кристина.

Катерина Колозова е позната професорка и теоретичарка.

Актерот Гоце Тодоровски е во брак со сопругата Тања со која има две деца, ќерката Сашенка и синот Гоце. Сега тој ужива во пензионерските денови во друштво на неговите најблиски и внуката Марија.

Актерот Ванчо Петрушевски потекнуваше од скопското село Орешани, каде што згасна и неговиот живот. Тој во 2018 година го загуби животот како последица на струен удар во Орешани. 

Петрушевски од бракот со сопругата Лидија го имаат синот Марко, кој е дипломиран снимател.

Петрушевски беше во брак со неговата сопруга Лидија. На фотографиите подолу може да ги видите како изгледале во разлика од приближно 40 години. Првата фотографија, зет и невеста. Втората фотографија, брачни другари веќе 4 децении.

Актерот Кирил Андоновски родум Пехчево неодамна го прослави својот 82 – ри роденден. Негов син Огнен не тргна по неговите стапки, тој и се посвети на музиката, а на македонската јавност и е познат како диџеј Бугимен.

Актерот Лазар Бараков оваа година наполни јубилејни 70 години. Бараков е татко на две ќерки Македонка и Викторија и најмалиот син Александар. Неговата ќерка Македонка, е мажена и живее во Германија.

Актерката Стојна Костовска која исто така имавме можност да ја гледаме во сериите на македонските народни приказни, е вистинска дама за пример. Таа е семејна жена која оваа година прослави 45 години брак со нејзиниот сопруг Зоран. Како плод на нивната љубов го имаат синот, Иван.

Фото: Фејсбук Ѓорѓи Колозов
Г.Д.Г