Кој би рекол? На убавите луѓе им е потешко да останат во врска

Некој би помислил дека убавите луѓе имаат повеќе можности за избирање во океанот со луѓе за свој партнер, и дека нивната љубов ќе цвета и цвета . . .Сепак, тоа не е така!

 Поточно, според неодамнешните истражувања, убавите луѓе не се посреќни во љубовта од оние кои се помалку привлечни.Социолозите од универзитетот Харвард откриле во едно истражување дека атрактивните луѓе имаат проблем со долгорочни врски.

 Ова значи: Иако тие можат да најдат партнер побрзо, можеби ќе им биде потешко да имаат долгорочни односи.

Кристин МекКеламс, водачот на оваа истражување, сакаше да го проучи митот дека убавите луѓе наводно се посреќни во љубовта отколку помалку атрактивните луѓе. „Ова е само слика пренесена од литературата и филмот“, вели истражувачот. За нејзиното истражување, таа користела училишни дневници во кои учениците биле претставени како повеќе или помалку привлечни. Нејзиниот тим истражуваше дали и колку подоцна тие лица стапиле во брак…

Нејзините изненадувачки резултати покажале дека поубавата личност најчесто има проблем да остане во подолга врск. Таа го објасни оваа истражување вака: „Кој е убав, има повеќе опции кога станува збор за врските“. Таа, исто така рече дека некои врски се „подложни“ на закани однадвор. Нејзиниот заклучок: „Ако некој има премногу алтернативи, тогаш долгорочната врска е надвор од фокусот“.