Кој е мистериозниот маж со кој Емина Јаховиќ ја помина Новата година: Ја љубеше и Наташа Беквалац (ФОТО)

Емина позираше во негова прегратка, држејќи чаша вино, а нејзините следбеници веднаш се запрашаа кој е тој?

Пејачката Емина Јаховиќ ужива во празниците со семејството и пријателите, а фотографијата од прославата за 2023-та година на која позира со мистериозен маж крена „прашина“ во јавноста.

Таа објави серија фотографии на Инстаграм со краток натпис: „Нека започне 2023 година“.

На фотографиите можете да ги видите нејзините деца, нејзината пријателка Гизем, но и еден маж кој привлече најмногу внимание.

Емина позира во негова прегратка, држејќи чаша вино, а нејзините следбеници веднаш се запрашаа кој е тој и почнаа да шпекулираат дека тој е нејзиниот нов избраник.

View this post on Instagram

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)


Сепак, станува збор за продуцентот и водител Љубомир Доронтиќ. Како продуцент, Љубомир работи на организација на многу настани, како претстави и концерти, а на овој начин се дружи и со многу јавни личности, меѓу кои и Емина, пишува „Ало!“.

Секако, Емина ги демантираше наводите дека е заљубена во Љубомир и кажа дека се само пријатели.

Инаку, Љубомир беше во центарот на вниманието пред две години кога Наташа Беквалац го бакна во уста на роденденска забава. Како и сега, сите и тогаш се прашуваа кој е човекот кого пејачката го „почести“ со бакнеж на прославата.

Извор: telegraf.rs