Кој е навистина богат, а кој сиромав: Поради ова дете, ќе пропаднете во земјата од срам!

Добивај вести на Viber

Дали сте забележале дека во последно време, луѓето само трчаат за пари, со цел да купат сè што имаат другите, па дури и повеќе. Како најважно е да имате сè исто како пријателот, соседот, познаниците...

Затоа е секогаш освежувачки да се добие алтернативна перспектива за тоа што е навистина важно во животот. Кога станува збор за споделување мудрост што го загрева срцето, постојат два вида на луѓе кои се особено добри во тоа. Некои се постари луѓе кои претрпеле многу во животот, а другите се невини деца, кои гледаат сè јасно.

Наидовме на една стара мудра приказна која не се знае кој ја напишал, но која кружи со години и покажува како очите на детето го гледаат околниот свет.

„Еден ден еден богат татко го одведел својот син на патување само за да му покаже како е да си сиромашен. Тие поминале неколку дена и ноќи на фармата во семејство за кое сметале дека е многу сиромашно. Откако се вратиле, таткото го прашал својот син како му се допаднало патувањето.

„Беше супер, тато“, одговорил синот.

„Дали сега виде колку можат да бидат сиромашни луѓето?”, прашал таткото.

„О, да“, одговорил синот.

„Па, што научи на ова патување?

„Видов дека ние имаме едно куче, а тие имаат четири“, одговорило момчето на изненадување на неговиот татко, додавајќи: „Имаме базен до средината на дворот, а тие имаат поток кој нема крај. Имаме увезено ламби во нашата градина, а тие имаат sвезди навечер. Имаме мало парче земја на кое живееме, а тие имаат полиња што не се гледаат. Имаме слуги кои ни служат, но тие им служат на другите. Ние купуваме храна,а тие ја растат својата. Имаме sидови кои нè штитат, а тие се заштитени од нивните пријатели“.

Таткото на момчето останал без текст. А, тогаш синот заклучил:

„Патувањето ми покажа колку сме навистина сиромашни“.

Премногу често забораваме што имаме и се концентрираме на она што го немаме. Она што за една личност е безвредно, за друго е нешто скапоцено. Сè е всушност засновано врз перспектива. И, понекогаш ни треба детска перспектива за да нè потсети што е навистина важно.

Дали се согласувате со ова паметно момче и неговиот поглед кон светот?


Moжеби ќе ве интересира:

Нашите деца имаат следбеници наместо пријатели, „лајкуваат“ наместо да сакаат, „шеруваат“ наместо да делат