,

Нашите деца имаат следбеници наместо пријатели, „лајкуваат“ наместо да сакаат, „шеруваат“ наместо да делат

фотографија: pixabay.com

Растењето денес е драстично поразлично од времето кога бевме мали, а да не го спомнуваме времето на нашите татковци, баби и дедовци. Новите технологии и различното темпо на живот ја сменија перцепцијата на децата за животот, играњето, пријателството, учењето, но исто така и гледиштата на родителите.

‘Дали имавте лектира да прочитате, ја прашав Беба пред некој ден. Не, вели таа, немавме ништо. Ништо ..? Ништо. Дали си сигурна…? Мамо, сто проценти, рече моето дете. Наставничката ни рече дека не треба да читаме ништо за време на празниците. 

Така, денешните деца не читаат. Што прават тие?

Главно ништо, седат, зјапаат во тие телефони, играат игри…

И ние игравме игри, си помислив. Но, нашите игри се играа со целото тело, не само со палците.

Нашите деца денес тешко дека знаат и да трчаат. Нашите деца не се искачуваат на дрвјата. Не прескокнуваат огради. Не играат ластик... Нашите деца бројат лајкови, хаштагови, коментари. Жал ми е за нашите деца.

Детството не е и не треба да биде „лајк“, „шер“, „коментар“. Детство е кога стануваш наутро и не знаеш што прво да направиш. Дали да гледаш цртан или да истрчаш од дома? Дали да возиш велосипед или тротинет? 
Или да се лулаш на лулашка, да се возиш на вртелешка додека не ти се сврти во главата?

Детство е кога одите кај бабите и дедовците.
Детството е село.
И гнездо под олукот. Сено позади куќата.
И нели, свежо млеко. Јаболко што мириса. Домашен леб. 
Детството е кукли. И диви јагоди. И џем, вистински џем од слива.

Јас не сум сто години, не сум стара. Можеби старомодна. Можеби заостаната. Можеби не сум во чекор со времето. Но, навистина ми недостасува тоа време.

Времето кога децата беа - деца.

Време пред iPhone, iPad, интернет и други чуда. Времето кога за нас се грижеа баби, тетки, соседи, постари сестри.
Времето кога не ги викавме родителите „брат“ и им велевме „вие“ на постарите.

Време кога не ги туркавме мобилните телефони на децата во наши раце за да ги „забавуваме“. Време кога не ги запишувавме децата на странски јазици пред тие да го зборуваат својот јазик.
Време кога во куќата имаше само еден телевизор. Време без далечинско. Време што не можете да го вратите назад со едно притискање на копче, дури и ако навистина го сакате тоа.

Немам јас проблем со ова денес. Добро сум. Пливам како што знам. Јас ја живеам мојата лична реалност. Јас сум доволно стара за да можам да бирам.
Знам што сакам, а што не. Имам и спомени. Убави, вредни. Имам и пријатели.

Но, нашите деца.. тие имаат следбеници наместо пријатели. Стотици, илјадници следбеници. Нашите деца „четуваат“ наместо да зборуваат. Тие „лајкуваат“ наместо да сакаат.
„Шеруваат“ наместо да делат.

На што ќе се сеќаваат? Кои спомени ќе ги оживеат? Кои мириси ќе ги паметат?
Што ќе им кажат на своите деца еден ден?

-Станувам, ја вадам книгата од полицата и ја ставам пред неа. Што е тоа, ме прашува Беба.
-„Бела грива“.
-Но, мамо, не е за читање..

-Да, велам. О, и тоа како е. ”

извор:luftika.rs