Научниците утврдија: Децата кои редовно ручаат со своите родители се помалку склони кон пороци

Децата кои ручаат со своите родители најмалку пет пати неделно, подоцна многу поретко одлучуваат да пушат, консумираат алкохол и дрога.

Поради брзото темпо на живот и премногу обврски, на современите семејства не им е лесно истовремено да ги соберат сите членови на масата.

Обидете се да уживате заедно во семејните ручеци во деновите кога децата се на одмор. На тој начин, малите деца ќе усвојат здрави навики во исхраната што ќе ги спаси од дебелина, која се повеќе е присутна кај децата.

Истражувањата покажаа дека луѓето кои јадат претежно дома, избегнуваат брза храна и колачи, имаат значително помали шанси да станат дебели. Доволно е да се знае дека оброкот во ресторан содржи во просек 60 проценти повеќе калории од оној подготвен дома.

Студија во која учествувале деца на возраст од 9 до 14 години, открива дека оние кои ручале дома со своите родители јаделе помалку пржена, нездрава храна и помалку пиеле сокови. Нивната исхрана се базира на зеленчук и клучни хранливи материи, калциум, железо и растителни влакна. Покрај тоа, тие пиеле повеќе вода,а помалку сок.

Ручекот со семејството е одлична можност децата да се запознаат со целата храна и да ја збогатат диетата со нови вкусови. Покрај тоа, честите семејни ручеци, докажаа научниците, имаат моќ да го намалат ризикот од депресија и нарушувања во исхраната. Тие дури можат да бранат и од порок.

Имено, научниците утврдиле дека децата кои ручаат со своите родители најмалку пет пати неделно, подоцна многу поретко одлучуваат да пушат, да консумираат алкохол и дрога. Тинејџерите кои ручаат со своите семејства помалку од три пати неделно, имаат зголемен ризик од консумирање наркотици дури три и пол пати. Тие имаат три пати поголема веројатност да пробаат марихуана, два ипол пати поголема веројатност да пушат, а повеќе се склони кон алкохол.

И помладите и постарите луѓе кои редовно ручаат со своите семејства имаат помалку проблеми со стресот, затоа што заедно со ужина добиваат поддршка од најблиските, докажаа научниците.


Извор: Новости

Можеби ќе ве интересира:

Како родителот го уништува детето за цел живот: 7 работи кои оставаат длабоки лузни на срцето и психата