Кој е виновен што денешните деца се „невозможни“?
Сигурно голем дел од вас сметаат дека денешните деца се разгалени или невоспитани, но тие всушност не се виновни за таквото однесување.
Модерните родители кои не ги испуштаат мобилните телефони од рацете се единствени виновници за однесувањето на децата.
Научниците дојдоа до заклучок дека преголемата употреба на технологијата од страна на родителите е дирекно поврзана со промените на најмалите.
Повеќе од 200 семејства со мали деца до 5 години биле вклучени во 6 месечната студија во која било утврдено дека родителите во текот на оброците постојано гледаат на мобилните телефони и тоа создава фрустрација кај децата, кои бараат да им се посвети внимание. Од тука потекнува коренот на проблемот зошто голем дел од нив се сметаат за „невозможни“.
Дејли Мејл потврдува дека со студијата „Pediatric Research“ е дојдено до заклучок дека родителите 9 часа дневно поминуваат пред компјутерите, на таблети или на социјални мрежи. Една третина од времето тие поминуваат на мобилните телефони, наместо да посветат повеќе внимание на децата, кои лесно може да го променат своето однесување токму поради недостатокот на комуникација и грижа.
Заклучно со оваа студија, добро би било да направите приоритети во животот и да ја ставите технологијата и социјалните мрежи во втор план, особено кога се работи за воспитувањето на децата.