Кој кого теши: Перо со Мачка, Катарина со Тамара

Добивај вести на Viber

На почетокот на овој месец во јавноста одекна веста дека пејачката Тамара Тодевска се разведува од сопругот Александар Димитровски- Мачка.

Тие стапија во брак пред седум години, а претходно беа добри другари. Плод на нивната љубов се ќерката Хана и синот Дарен, поради кои пејачката не сакаше да изнесува дополнителни детали за разделбата.

Откако стави крај на бракот со Тамара, Мачка почна често да споделува фотографии на својот профил на Инстаграм, па така овој пат откри дека ужива во кафеана со својот пријател кошаркарот Перо Антиќ.

Тамара пак објави дека е во друштво на сегашната девојка на Перо, манекенката Катарина Ивановска.

Пејачката на својот профил на Инстаграм објави и мистериозна порака, која гласи:

„Единствено „екс“ кое ми фали, е екс-тра пари.“