Се разведуваат Тамара и Мачка по седум години брак: Тодевска потврди за Женски магазин
Пејачката Тамара Тодевска потврди дека се разведува од сопругот Александар - Мачка, откако летово прославија седум години во брак.
Во телефонски разговор за Женски магазин, Тодевска ја потврди веста:
- Да вистина е, не сакам да кажувам повеќе детали, не би додала ништо повеќе од ова, но ветувам дека наскоро ќе раскажам повеќе детали.
Тодевска првенствено за магазинот „Убавина и здравје“, изјави дека одлучиле да се разделат, но да останат во добри и коректни односи, пред сѐ штитејќи го интересот на нивните две деца Хана и Дарен.
-Да, точно е дека се разделуваме, но апсолутно дека ќе одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко. Ова не е ниту прв ниту последен случај. Тоа што за мене искрено е многу важно, тоа се децата, нивните права и интереси да останат заштитени. Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на децата, кои сакам да останат на страна од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично. И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив, изјави Тодевска за „Убавина и здравје“
Сега пејачката ги отстранила сите заеднички фотографии со сопругот од профилот на Инстаграм, а таа неодамна за Женски магазин ја сподели нивната љубовна приказна која започнала сосема наивно и другарски.
Бевме другари седум години, ме побара за жена по 40 дена: Љубовната приказна на Тамара и Александар